Патека на Националната програма за осигурување при онеспособеност За деца со оштетен слух од раѓање до 6-годишна

Што претставува програмата NDIS?

Националната програма за осигурување при онеспособеност (National Disability Insurance Scheme или NDIS) е нов начин за обезбедување поддршка за Австралијците со онеспособеност, за нивните семејства и негуватели.

Програмата NDIS може да обезбеди финансиски средства, информации и поддршка за да им се помогне на луѓето со онеспособеност да ги постигнат своите цели. Овие цели може да вклучуваат постигнување поголема независност, вклученост во заедницата, вработување и подобрена благосостојба. Како програма за осигурување , NDIS се залага за доживотен пристап, навремено инвестирајќи во лицата со онеспособеност за тие да ги подобрат исходите од преземените активности подоцна во животот. Програмата NDIS исто така на лицата со онеспособеност, на нивните семејства и на негувателите им обезбедува информации и упати до постојните служби за поддршка во рамките на заедницата.

Како може програмата NDIS да ми помогне мене и на моето дете?

Раните години од животот на вашето дете се многу важни бидејќи тогаш се поставуваат темелите на тоа како детето ќе учи и како ќе се развива подоцна во животот. Поддршката обезбедена во рана фаза ќе ви помогне вам, а на вашето дете ќе му даде најдобра шанса за остварување на неговиот потенцијал.

Националната агенција за осигурување при онеспособеност (National Disability Insurance Agency или NDIA) соработуваше со низа водечки стручни лица и истражувачи во областа на интервенцијата во раното детство за да го изготви пристапот заснован врз интервенција во раното детство на програмата NDIS (Early childhood early intervention или ECEI). Овој пристап беше изготвен со цел да ги утврди видот и нивото на поддршката за интервенција во раното детство што му е потребна на вашето дете за да постигне најдобри резултати. Раната интервенција во првите години е од суштинско значење за да се постигнат најдобри резултати за вашето дете.

Дали моето дете има право на услуги од програмата NDIS?

Вашето дете ќе има право на услуги од програмата NDIS доколку:

  • е на возраст од 0 до 6 години;
  • е државјанин на Австралија или поседува иселеничка виза, или пак поседува виза за лица од заштитена специјална категорија ;
  • има потврден аудиолошки наод што укажува на аудитивна невропатија или губење на слухот ≥ 25 децибели на секое уво на две или повеќе последователни фреквенции, при што најверојатно се работи за трајно или долгорочно оштетување;
  • и губењето на слухот на лицето наложува потреба од користење на личен засилувач на слухот.

Како да пристапам до услугите на програмата NDIS?

Службата Australian Hearing може да ви помогне да се пријавите за да пристапите до програмата NDIS при првата закажана средба, или пак тоа може да го сторите и подоцна во време што ви одговара вам, така што ќе се јавите на 1800 800 110 или ќе посетите некоја канцеларија на програмата NDIS. Изборот е ваш. Меѓутоа, финансиските средства од програмата NDIS ќе помогнат вашето дете побрзо да ја добие поддршката за рана интервенција.

Што следи потоа?

Со ваша дозвола, службата Australian Hearing ќе ги проследи доказите за губење на слухот на вашето дете до агенцијата NDIA, а потоа, во рок од неколку дена, вие ќе добиете писмена потврда за пристапување на вашето дете кон програмата NDIS.

Откако вашето дете ќе добие пристап, тоа станува учесник во програмата NDIS. Во рок од две недели со вас ќе стапи во контакт лице за планирање од програмата NDIS за да ви пружи поддршка при изготвувањето на првиот план за NDIS на вашето дете. Овој план вклучува разумно и потребно ниво на финансирање за поддршка за рана интервенција, а откако истиот ќе биде одобрен веднаш ќе можете да ги користите финансиските средства за услугите од даватели на услуги за рана интервенција што сами ќе ги одберете.

На вашата прва закажана средба службата Australian Hearing исто така ќе ве извести и за Партнерот за рана интервенција во раното детство (Early Childhood Early Intervention Partner или ECEI Partner) на програмата NDIS во вашата област. Откако ќе добиете план за NDIS, вашиот партнер за ECEI ќе биде ваша постојана оргнизација за контакт за програмата NDIS. Доколку имате прашања за вашиот план за програмата NDIS, или ако ви е потребен натамошен совет, можете да позборувате со оваа организација. Во рок од четири недели по одобрување на вашиот план, вашиот партнер за ECEI ќе стапи во контакт со вас за да провери како се одвиваат работите.

Речник на користени изрази

Рана интервенција во раното детство (Early Childhood Early Intervention или ECEI)

обезбедување поддршка во раните години од животот за да се намалат последиците од онеспособеноста и за да се подобри функционалниот капацитет на лицето.

Партнер за рана интервенција во раното детство (ECEI)

Локални организации што работат во партнерство со агенцијата NDIA за да им помагаат на учесниците, на нивните семејства и на негувателите при користењето на поддршките од програмата NDIS и на другите поддршки во рамките на локалната заедница.

Давател на услуги за рана интервенција

компанија што обезбедува поддршка за специјализирана рана интервенција заснована на медицински докази и што им помага на учесниците да ги постигнат своите цели од планот за NDIS. Учесниците можат да ги избираат давателите на услуги и да ги менуваат истите во секое време, а тоа е исто така познато и како избор и контрола.

NDIA

Национална агенција за осигурување при онеспособеност (National Disability Insurance Agency). Владина организација на Комонвелтот што ја спроведува програмата NDIS.

NDIS

Национална програма за осигурување при онеспособеност (National Disability Insurance Scheme). Нов начин на давање поддршка на Австралијците со онеспособеност, на нивните семејства и на негувателите.

Патека на програмата NDIS

искуството што лицето со онеспособеност го има со програмата NDIS, од моментот на добивање пристап до крајното користење на неговиот план.

Contact us accessibility services

Translating and interpreting

For a free-of-charge translator or interpreter phone 131 450

If you have hearing or speech loss

TTY: 1800 555 677
Speak and Listen: 1800 555 727

National relay service

Visit the National Relay Service website or phone 1800 555 727 then ask for 1800 800 110

This page current as of
29 April 2019