Јазични преведувачки услуги

Овој информативен лист содржи информации за луѓето со попречености на кои им требаат јазични преведувачки услуги.

Што треба да знаете

Преведувачките услуги овозможуваат пренос на комуникации од претпочитаниот јазик на лицето, на англиски. Преведувачките услуги ги дава TIS National, во име на Националната програма за осигурување при попреченост (National Disability Insurance Scheme - NDIS).

За TIS National работат повеќе од 3.000 акредитирани преведувачи на повеќе од 160 јазици ширум Австралија.

Како да се јавите на NDIS

Може да се јавите на TIS National директно на 131 450 и побарајте да разговарате со NDIS на 1800 800 110.

Објаснување на NDIS

На корисниците на NDIS и на нивните негуватели не им се наплатуваат јазичните преведувачки услуги.

Улога на преведувачите е да ги преведуваат само изговорените зборови. Тоа значи дека преведувачите не можат да ви даваат совети за NDIS.

Планери на NDIS, службите за рана интервенција во раното детство (Childhood Early Intervention Services) и службите за координација во локалната област (Local Area Coordination Services) може да ви помогнат да добиете преведувач.

Планирање

Вашиот NDIS планер, службите за рана интервенција во раното детство, службите за координација во локалната област или координаторот за поддршка (Support Coordinator) ќе ви нарачаат акредитиран преведувач.

На вашиот состанок можете да доведете роднина или пријател кои зборуваат англиски, но NDIS исто така ќе ви даде преведувач.

Кога е тоа можно, преведувачи ќе бидат нарачани за вашите состаноци лице-в-лице со NDIS, додека преведувачки услуги преку телефон ќе се користат за краткотрајни и едноставни комуникации.

NDIS може да обезбеди план за учество (participant plan) на јазикот што ќе го одберете вие или вашите негуватели.

Користење на вашиот NDIS план

Вашиот давател на NDIS услуги (NDIS Provider) има обврска да ви понуди преведувачки услуги, за да помогне да ја користите поддршката финансирана со вашиот план.

Вашиот давател на NDIS услуги или координатор за поддршка ќе организира преведувач лице-в-лице или по телефон заради јазична поддршка.

Поддршката на јазично преведување не е дел од вашиот NDIS план

Од вашиот давател на NDIS услуги може да побарате кога се сретнува со вас секогаш да нарачува конкретен преведувач; на пример, ако го сакате истиот преведувач или претпочитате тој/таа да е од конкретен пол.

Давателите на услуги регистрирани во NDIS, вклучувајќи ги координаторите за поддршка, може да се регистрираат во TIS, за да им овозможат на корисниците на NDIS и нивните негуватели пристап до преведувачи финансирани од NDIS.

Повеќе информации

NDIS - 1800 800 110

За луѓе на кои им треба помош со англискиот јазик

TIS: 131 450

За луѓе со оштетен слух или говор

TTY: 1800 555 677

Служба Speak and Listen: 1800 555 727

Пренос преку интернет: National Relay Service

www.relayservice.gov.au

Contact us accessibility services

Translating and interpreting

For a free-of-charge translator or interpreter phone 131 450

If you have hearing or speech loss

TTY: 1800 555 677
Speak and Listen: 1800 555 727

National relay service

Visit the National Relay Service website or phone 1800 555 727 then ask for 1800 800 110

This page current as of
1 May 2019