Preparing for the NDIS in WA - Macedonian

Националната програма за осигурување при инвалидност (National Disability Insurance Scheme -NDIS) обезбедува поддршка за Автралијанците со инвалидност, нивните семејства и негувателите. Програмата поддржува независност, вклученост во заедницата, вработување и добросостојба на луѓето со инвалидност.

Што е програмата NDIS?

NDIS е нова програма низ цела Австралија што обезбедува поддршка за луѓето со инвалидност, нивните семејства и негувателите. NDIS ќе им обезбеди на сите Австралијанци под 65 години со трајна и значителна инвалидност разумна и неопходна поддршка која им е потребна за да живеат обичен живот.

Како се добива денес NDIS во Западна Австралија (WA)?

Во Западна Австралија има два модела на NDIS кои оперираат од јули 2014 год.:

  • NDIS на Западна Австралија (претходно познат како My Way [Мој начин]) со кој раководи владата на Западна Австралија; и
  • NDIS што се спроведува национално, а со кој раководи Националната агенција за осигурување при инвалидност (National Disability Insurance Agency - NDIA)

Владите на Комонвелтот и Западна Австралија во декември 2017 година објавија дека национално спроведуваниот NDIS ќе се воведува во Западна Австралија, а воведувањето започна во јули 2018 година Тоа значи дека на крајот ќе има само еден NDIS низ цела Австралија во секоја држава и територија на Австралија.

Учесниците во NDIS на Западна Австралија ќе бидат префрлени на националниот NDIS во етапи.

NDIА и владата на Западна Австралија се посветени на тоа да осигураат дека процесот на пренос ги поддржува учесниците, семејствата, негувателите и давателите на услуги.

По што се разликува национално спроведуваниот NDIS од NDIS на Западна Австралија?

NDIS на Западна Австралија го спроведува Владата на Западна Австралија за луѓето на Западна Австралија, додека NDIS е програма низ цела Австралија која ја спроведува Владата на Комонвелтот.

Што значи оваа промена за луѓето под NDIS на Западна Австралија?

Кога NDIS ќе стане достапен во областите каде живеат луѓето кои го користат NDIS на Западна Австралија, тие ќе добијат писмо од Владата на Западна Австралија при кое ќе треба да дадат согланост да се префрлат во националниот NDIS. Давањето одобрение, им овозможува на корисниците на NDIS од Западна Австралија да претрпат минимална промена при пренос на нивните постоечки поддршки.

Тие што се префрлуваат на националниот NDIS може да побараат проверка на планот ако сакаат да го направат тоа. При проверка на план, ако некој примател сака да ги задржи тековните поддршки, тие слободно можат да го сторат тоа. При проверка на план, луѓето што го планираат NDIS ќе ве поддржат вас, а вие слободно можете да го донесете својот негувател, членовите од семејството, како и вашиот локален кординатор.

Поврзани информации за проверка на план при преност, исто така, се достапни на вебстраницата на Western Australia - Questions and answers (Западна Австралија - прашања и одговори)

Ако е време за проверка на вашиот план од NDIS на Западна Австралија, но национално испорачуваниот NDIS се уште не е спроведен во вашата област и се уште не ве исконтактирале, тогаш проверката на вашиот план од NDIS на Западна Австралија мора да ја направи вашиот локален координатор.

По преносот, целосна проверка на NDIS планот за целите на учесникот, стратегиите и поддршките ќе се случи на следниот датум за проверка или 12 месеци по преносот.

Како ќе се спроведува NDIS во Западна Австралија?

Луѓето што веќе примаат поддршка од NDIS на Западна Австралија:

Луѓето што веќе примаат поддршка од NDIS на Западна Австралија ќе се префрлат на национално доделуваниот NDIS според распоредот даден подолу:

  • North East Metro и Inner Wheatbelt (април до јули 2018 год.)
  • South Metro (јули до ноември 2018 год.)
  • Central South Metro (август до октомври 2018 год.)
  • Lower South West (септември до декември 2018 год.)
  • Kimberley Pilbara (октомври до декември 2018 год.)

Луѓето со инвалидност коишто и натаму не примаат поддршка од NDIS на Западна Австралија:

Национално спроведуваниот NDIS постепено ќе стане достапен за луѓето од Западна Австралија според распоредот даден подолу:

  • Од 1 јули 2018 год. - регионите на Wheatbelt и Central South Metro
  • Од 1 октомври 2018 год. - регионите на Goldfields-Esperance, North Metro и до новите учесници во регионот South West.
  • Од 1 јули 2019 год. - регионите на Midwest Gascoyne, Great Southern, Central North Metro и South East Metro
  • Од 1 јули 2020 год. - Christmas Island и островите Cocos (Keeling)

Иформации за локалните владини области вклучени во областите на спроведување се достапни на вебсајтот на NDIS WA roll out page (на страницата за Спроведување во Западна Австралија). Луѓето што тековно примаат услуги за инвалидност од Владата на Западна Австралија или други програми на Комонвелтот ќе преминат на NDIS во различно време, во зависност од тоа каде живеат и видот на поддршка што го примаат. Доколку тековно примате поддршка од владите на Западна Австралија или Комонвелтот, Националниот тим за пристап (National Access Team) на NDIA ќе ве исконтактира кога ќе биде време да преминете на NDIS.

Постоечките поддршки под NDIS на Западна Австралија ќе продолжат да опстојат се додека вашиот план не биде пренесен на национално испорачуваниот NDIS.

Ако претходно не сте добиле никаква поддршка, се уште може да сте подобни за NDIS ако ги исполните критериумите за подобност кои може да се најдат на вебсајтот на NDIS.

Како може да добијам повеќе информации?

Најдоброто место да добиете информации за NDIS е на NDIS website (вебсајтот на NDIS) (External website) на www.ndis.gov.au (External website). На вебсајтот има кратко видео за спроведувањето на NDIS во Западна Австралија и questions and answers page (страница со прашања и одговори)

Средби за бесплатни информации за NDIS ќе бидат достапни за луѓето со инвалидност, нивните семејства, негувателите и давателите на услуги напоредно со спроведувањето на NDIS. Деталите ќе бидат објавени на WA events page (страницата со настани во Западна Австралија) на вебсајтот на NDIS и промовиран во весниците и социјалните мрежи.

NDIS има објавено три брошури за учесници (External website) за поддршка на луѓето со инвалидност и учесниците низ нивното патување со NDIS. Овие брошури се практична алатка која ќе им помогне на луѓето со инвалидност, нивните семејства, негувателите и пошироката заедница да научат повеќе за NDIS, да се подготват за средба за планирање и за спроведување на нивниот план.

За давателите на услуги кои се уште не се регистрирани со NDIS, the Provider Toolkit (External website) на NDIS вебсајтот е алатка на интернет која е лесна за користење, а која ги води давателите на услуги низ седум чекори од Патеката на давателот на услуги и опфаќа водичи чекор по чекор, видеа и често поставувани прашања (FAQ).

Локации на канцеларии на NDIS

Канцеларијата на NDIS во областа на Perth Hills на Западна Австралија е отворена од Понеделник до Петок, од 9 часот наутро до 5 часот попладне на:

78-80 Railway Parade, Midland WA 6056

Други канцеларии ќе бидат додадени на вебстраницата на NDIS locations (NDIS локациите) како што ќе се отвараат.

Информации за контакт со NDIS

Телефон: 1800 800 110 (8 наутро - 8 навечер)

Емаил: engagementwa@ndis.gov.au

За луѓе со оштетен слух или говор: TTY машина за пишување по телефон: 1800 555 677

Speak and Listen: 1800 555 727

За луѓе на кои им треба помош со англискиот јазик Преведувачка служба - TIS: 131 450

Contact us accessibility services

Translating and interpreting

For a free-of-charge translator or interpreter phone 1800 800 110

Text telephone

Phone 1800 555 727
then ask for 1800 800 110

National relay service

Visit the National Relay Service (External website) website or phone 1800 555 727 then ask for 1800 800 110

This page current as of
28 November 2018